Мажите “паѓат“ на овие парфеми!

Парфемите имаат моќ да го поправат расположението, да нè потсетат на некоја драга личност или да нè вратат во некој за нас убав период.
Како мирисот влијае на сетилата и како помагаат во заведувањата?
Да појасниме: Сетилото за мирис ги стимулира нервните завршетоци во носот, што ги буди сетилата во еден дел од мозокот кој е одговорт за нашите емоции, ондесување и либидо.
Парфемот е еден детаљ кој го надополнува секој изглед, како јагодата на врвот на тортата. Дали знаете кои парфеми им се просто неодоливи на мажите?


Ванила
Ова многу често е основна нота на парфемот и добрата вест е дека токму таа во голем број на случаеви ги доведува мажите до лудило. Оваа нота е вистински афродизијак.
Лаванда
Овој одговор е можеби неочекуван, бидејќи првата асоцијација за лаванда е нешто сосема спротивно од заведување, но кога оваа билка би се користела како една од нотите за парфемот – настанува вистинска магија. Овој сензуаен мирис начисто ги опива. Лавандата, доколку не сте знаеле, е позната како билка на љубовта.


Портокал
Дури 20 отсто од испитаниците го избрале мирисот од портокал како најзаводлив. Многу парфеми во себе ја содржат токму оваа нота.
Јасмин
Оваа мирисна нота има долга традиција на примена. Токму јасминот се користи во некои холистички начини за зголемување на либидото кај мажите. Голем број нашле нешто исклучително пријатно и заводливо во овој мирис.
Дрво и кожа
Аромата на дрво, како што е сандаловото или мирисот на кожата ги стимулира нервите кај спортивниот пол и тоа на прав начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.