Маж и жена меѓусебно се пријавиле во полицијата, и двајцата тврдат дека биле тепани

Вчера полициските службеници во полициската станица во Драчево во период од 15 минути биле сведоци на меѓусебно пријавување за физички напад помеѓу сопруг и сопруга.

„На 17.03.2024 во 13.53 часот во СВР Скопје 26 – годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 39 – годишен сопруг. Исто така, во 14.10 часот, 39 – годишниот сопруг пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата 26 – годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Пронајдете не на следниве мрежи: