четврток, 12 ноември 2026
Најново

Маж нападнат на кејот на Вардар – разбојници му впериле нож во грбот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Обвинителството отвори истрага против 26-годишник за разбојништво врз минувач на кејот на Вардар.

Во насилните дејствија учествувал уште еден разбојник, но во моментот се работи на негова идентификација.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Нападот, како што информираа од Обвинителството, се случил вчера во попладневните часови, кај поранешно „Дрво-Декор“, на кејот на реката Вардар.

Осомничените нападнале еден оштетен, му впериле нож во грбот и со употреба на сила и сериозна закана му одзеле 3.000 денари. Потоа го удриле неколку пати и избегале.

За осомничениот се бара притвор. При предлагањето на најстрогата мерка за обезбедување обвинителот имаше предвид дека кривичното дело е извршено сред бел ден, во строгиот центар на градот, на локација со голема фреквенција на луѓе, па ценеше дека обезбедувањето на осомничениот е во функција и на заштита на граѓаните и нивното безбедно движење. Надлежните органи преземаат дејствија за откривање и на неговиот соизвршител.

Поврзани вести