недела, 15 ноември 2026
Најново

Маж од Битола со метален предмет ја нападнал свршеничката

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Утрово во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот свршеник А.И.(42), исто така од Битола.

Според пријавата, при инцидентот бил употребен метален предмет, при што жената се здобила со повреди.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.

Полициските службеници работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот, како и на документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за тежината на повредите или за евентуални санкции, а истрагата е во тек.

Поврзани вести