Маж претепан од својот син, употребил и тврди предмети

На 09.04.2024 во 19:30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.С.(43) од Кавадарци затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети.

Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и потоа е спроведен во здравствена установа.

По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи: