Во Полициската станица Гевгелија денеска во 09.40 часот било пријавено дека во куќа во село Селемли, гевгелиско, бил пронајден починат 43-годишен маж.
-Од страна на лекар од Итна медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија, информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



