Еве идеја за денешниот ручек. Наместо традиционалниот рецепт за италијански тестенини, пробајте поинаков специјалитет.
Макарони со тиква и сланина
Состојки:
400 гр. тестенини
1 помала тиква
Маслиново масло
Бибер
Мајчина душичка во прав
3 лажици густ јогурт
100 гр. крем сирење
100 гр. фета сирење
100 гр. ситно исецкана сланина
Магдонос
Босилек
Сол
Пармезан
Начин на подготовка:
Пржете ја сланината во тава без масло и оставете ја на страна.
Исчистете ја тиквата и исечете ја на коцки. Пржете на маслиново масло со бибер и мајчина душичка, а по потреба додајте и вода.
Додајте исецкан магдонос, босилек и фета. На крајот додајте крем сирење, јогурт, посолете по вкус и динствувајте додека да се згусне, па тргнете од огин.
Додајте ја пржената сланина. Сварете ги макароните, исцедете ги и промешајте ги со сосот од тиква.
Служете со наросен пармезан.