МАКАРОНИ НА ПОРАЗЛИЧЕН НАЧИН: Потребни ви се само неколку состојки и малку време

Сварете ги тестенините, па исцедете ги.
Направете макарони на поинаков начин, така што ќе ги испечете во рерна
Состојки:
пакување тестенини
две јајца
250 гр кисела павлака
половина шолја (180 мл) јогурт
200 гр шунка
малку кечап
сол
бибер
Сварете ги тестенините, па исцедете ги. Додадете кечап, шунка исечкана на коцки, малку масло и сè измешајте. Ставете ги тестенините во огноотпорен сад.
Изматете ги јајцата, додадете павлака и јогурт, сол, бибер и прелијте ги тестенините.
Се пече околу 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Послужете топло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.