Макарони со пилешко и брокула

Потребни состојки:
250 г макарони
400 г брокула
400 г пилешко филе
1 лажица масло
250 мл павлака за готвење
Сол
Пармезан
Начин на подготовка:
Сварете ги макароните во солена вода и исцедете ги. Ставете ги во намрсена тава. Сварете ја брокулата на пареа. Исечете го пилешкото филе на коцки и пропржете го. Распоредете го пилешкото и брокулата врз макароните и додајте павлака за готвење. Печете околу 20 минути на 200 степени. Наросете со пармезан и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.