Македонец на Инстаграм покажува како се купуваат јајца во Германија: да беше ова во Македонија ќе го однесеа сосе кокошките

Македонец потпишан како Кико Косте на Инстаграм, преку видео објаснува како во Германија се купуваат еколошки јајца.

Во видеото тој се доближува до импровизирана дрвена куќарка, ја отвора вратата, а во малата просторија смесетен е фрижидер, во кој се спакувани јајца во картонски кутии. Веднаш до фрижидерот се наоѓа каса каде се оставаат пари. Во овој случај јајцата чинат 3 евра.
Начинот на самопослужување очигледно добро функционира во европските земји, за разлика од кај нас. Како што вели корисникот ова досега не би постоело, јајцата ќе биде украдени, па дури и кокошките кои ги несат, а се наоѓаат во непосредна близина на куќичката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.