МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА: Претседателскиот кандидат д-р Филип Петровски го бара списокот на делегати на Конвенцијата во Струга

Кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори
Кандидатот за претседател од „Македонија – Блокира“ на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Филип Петровски, денеска, сабота, 2 февруари 2019 поднесе барање до Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ со цел да го добие списокот на делегати на Конвенцијата во Струга на 16 февруари каде ќе се избере кандидатот за претседател на Република Македонија.
Исто така, од страна на д-р Филип Петровски е побаран и списокот на претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Барањето е со цел кандидатот д-р Петровски во непосредни презентации да ги запознае делегатите на Конвенцијата како и членството преку општинските комитети со своите програмски определби како претседателски кандидат.
Повеќе за активностите на д-р Филип Петровски прочитајте тука

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.