Македонија гласаше против Резолуцијата за борба против глорификација на фашизмот и нацизмот, објави Левица.
– Владата се промени, вазалски пристап во надворешната политика останува. Македонија е целосно подредена на западните империјалистичките интереси. Ова го потврдува новото гласање на Македонија во ООН „ПРОТИВ“ Резолуцијата која ги осудува современите форми на фашизам и нацизам.
Имено, во Генералното собрание во ООН, со 116 гласови „ЗА“, уште еднаш беше усвоена нацрт-Резолуција за ,,Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за поттикнување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“.
Слепото следење на надворешно-политичкиот курс воден од земјите кои припаѓаат на т.н. Колективен запад и игнорирањето на македонското анти-фашистичко минато и АСНОМ-ските вредности, не ги одразуваат ставовите и принципите за кои македонскиот народ се борел во минатото, а ги вреднува и денес.
Следејќи го трендот на величење на балисти и ревидирање на антифашистичкото минато на Македонија, потсетуваме дека Пратениците на #Левица уште во 2022 година, во Собранието поднесоа Резолуција против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици. Тогашната власт, на спикерското место со Џафеи, оваа резолуција ја заклучи во фиока.
Очекуваме надворешната политика која ја води Тимчо Муцунски да не се разликува по ниту еден параметар од неговиот претходник Бујар Османи. Оттука #Левица останува единствениот политички фактор што ги изразува ставовите на граѓаните по однос на надворешно-политичките прашања, кои очигледно се тотално различни од она што го претставува и претходната, а и актуелната Владата. – напишаа од Левица.