недела, 15 ноември 2026
Најново

Македонија гласа за траен мир во Украина, усвоена резолуцијата на ОН

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Генералното собрание на ОН синоќа усвои резолуција со која се повикува на сеопфатен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја предложија Украина и уште 45 земји, а 107 земји гласаа „за“, вклучувајќи ги речиси сите членки на ЕУ, како и Македонија. Русија беше јасно против резолуцијата, додека Унгарија, Србија и САД гласаа „воздржано“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до 107-те земји што ја поддржаа Украина во Обединетите нации во одбрана на животот на социјалната мрежа „X“, а прикачи и фотографија од табелата на која се гледа која земја гласала.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Генералното собрание ја усвои нашата резолуција во поддршка на траен мир, со јасни повици за целосен прекин на огнот и враќање на нашиот народ. Ова се правилни и неопходни чекори и ние ќе продолжиме активно да работиме на постигнување мир со нашите партнери“, напиша Зеленски.

Во резолуцијата се истакнува регионалното и глобалното влијание на војната и се изразува „длабока загриженост“ за континуираните напади на Русија врз „цивили, цивилни објекти и критична енергетска инфраструктура“ што ја влошуваат хуманитарната ситуација.

Беше потврдена силната посветеност на Генералното собрание на „суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет“, вклучувајќи ги и територијалните води на Украина.

Поврзани вести