четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонија е на 34-то место во светот и втора во Европа по загадување на воздухот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Северна Македонија е на 34-то место во светот и на второ место во Европа по загадување на воздухот со ПМ честички.

Извештајот за 2025 година, објавен на платформата „IQAir“, ја рангира земјата веднаш по Босна и Херцеговина и пред Србија, со коефициент од 21,2, што значи надминување на максималните вредности на PM 2,5 честичките за три до пет пати, објавува агенцијата „Мета.мк“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Најзагадени градови во земјава минатата година беа Тетово и Струмица, со коефициент од 27,3, што значи дека вредностите на PM 2,5 беа од пет до седум пати над дозволените граници. Гостивар е на 18-то место на листата, додека Кичево и Куманово се на 31-во и 32-ро место. Скопје е на 113-то место со коефициент од 19,1.

Ова е осмиот годишен Извештај за квалитетот на воздухот во светот на платформата , кој покажува дека Македонија минатата година имала најниско просечно загадување на воздухот, во споредба со претходните години, кога коефициентот надминувал 35, односно алармирала за високи вредности на PM 2,5 и до десет пати.

Најзагадени месеци беа јануари, февруари и декември, додека најчист воздух имаше во април и мај. Скопско исто така имаше најниско загадување на воздухот минатата година во споредба со претходните години. Од 2018 година, коефициентот опаѓа секоја година од над 30 на под 20.

Поврзани вести