четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за ЕП 2026 во ракомет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Копенхаген на 21. март ќе биде извршена ждрепката за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година ќе го организираат Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија противниците во квалификациите ќе ги чека од вториот шешир и тоа ни дава можност за нешто полесна група, а со тоа и поголеми шанси за учество на уште едно големо натпреварување.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Заедно со Македонија во вториот шешир се уште: Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови и Грција, тоа значи дека овие репрезентации не можат да бидат во нашата група.

ШЕШИР 1: Германија, Шпанија, Унгарија, Исланд, Хрватска, Словенија, Португалија, Холандија

ШЕШИР 2: Македонија, Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови, Грција

ШЕШИР 3: БиХ, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија

ШЕШИР 4: Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Летонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Поврзани вести