Јавното претпријатие за одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта познато како „Македонија пат“ набавило машини за бележење на хоризонтална сигнализација за 54 милиони 814 илјади и 540 денари.

Тендерот бил меѓународен, но пријавена е само една компанија од Македонија.
Македонија пат купува четири машини, две во вредност од по 5.244.000 или вкупно 10.488.000 денари и две машини по 17.952.800 денари.

Во договорот кој е објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки се наведени и минималните карактеристики, според кои две од возилата се со тежина од 380 килограми, едното со тежина од 2,5 тони и едно со тежина од 4 тони. Останатите карактеристики се наведени во продолжение.






Инфомакс побара слични вакви машини и колку чинат. Машината која ја гледате во продолжение е поголема од машините кои ги набавува Македонија пат, тежи шест тони и цената се движи од 57 до 70 илјади долари, односно максимум 145.000 евра.

Македонија пат ја набавува најмалата машина за речиси 86.000 евра, што е 16.000 евра поскапо од машината која ја најдовме, а е поголема од најголемата машина која ја има набавено Македонија пат.
Накратко, Македонија пат ги купила машините најмалку трипати поскапо во споредба со моделите кои ние ги најдовме, а се широко употребувани и на Балканот во соседните држави, но и во европски земји.
Компанијата од која се набавени машините е Лугос ЛЦ, основана во 2020 година, а во сопственост на Африм Јусуфи и Ментор Буши.

Обвинителството треба да ја истражи оваа набавка, која е во најмала рака сомнителна за да се утврди дали некој злоупотребил народни пари.