четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонија победи во Казахстан!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонија успеа да дојде до тешка победа на гостувањето кај Казахстан во Астана (1-0) и така комплетира фантастична серија која никогаш досега не ни се случила во минатото.

Точно една година, или десет меча по ред, сениорскиот тим под водство на Благоја Милевски е без неуспех. Последниот пораз ни беше од Чешка на 10 јуни во 2024 година во пријателски меч.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

  • Серијата на Македонија:

07.09.2024 – Фарски Острови – Македонија 1-1
10.09.2024 – Македонија – Ерменија 2-0
10.10.2024 – Летонија – Македонија 0-3
13.10.2024 – Ерменија – Македонија 0-2
14.11.2024 – Македонија – Летонија 1-0
17.11.2024 – Македонија – Фарски Острови 1-0
22.03.2025 – Лихтенштајн – Македонија 0-3
25.03.2025 – Македонија – Велс 1-1
06.06.2025 – Македонија – Белгија 1-1
09.06.2025 – Казахстан – Македонија 0-1

Следен предизвик за нашиот национален тим ќе биде во септември против Лихтенштајн во Скопје.

Извор: ГОЛ.мк

Поврзани вести