Македонија ја нокаутираше Грција во одличната атмосфера!

Ракометната репрезентација на Македонија со 33-30 го доби првиот од двата пријателски натпревари против Грција кои се последните тестови пред заминувањето на Европското првенство во Германија.

Македонија влезе во финалната фаза од подготовките за континенталниот собир кој го започнуваме од 10. јануари. Денеска во салата „Борис Трајковски“ се одигра првиот дуел против селекцијата на Грција.

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Радовиш
На 26.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на улица „Калаузлиска“ во Радовиш, мотоцикл управуван од М.Д.(27) од Радовиш излетал од патот и …
НАТО започна едно од најголемите поморски распоредувања
НАТО започна едно од своите најголеми поморски распоредувања од руската инвазија на Украина, со францускиот носач на авиони Шарл де Гол за прв пат под команда на …

Македонската репрезентација имаше бавен старт на натпреварот, почетниот период им припадна на Грците. Првиот гол го дадовме преку Атанасијевиќ дури во петтата минута кога го намаливме водството на противникот на 2-1. Во воведниот дел одбраната не функционираше, Грција ја одржуваше предноста од два разлика. Митревски првата одбрана ја имаше во 12. минута од мечот.

Како одминуваше времето момците на Лазаров почнаа да играат сѐ подобро, првото водство го имавме во 14. минута од натпреварот. Откако поведовме го држевме натпреварот под контрола зголемувајќи ја предноста, на одморот се отиде со предност на нашата репрезентација од 18-15.

Доминацијата ја продолживме во најголемиот тек од вториот дел, највисоката предност изнесуваше седум разлика, 26-19. Откако ја обезбедивме победата ја тргнавме педалата од гас, Грците во финишот од мечот успеаа да намалат, конечниот резултат гласеше 33-30 за Македонија.

Лазаревски со осум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Ненад Костевски постигна шест, Кузмановски пет. Митревски мечот го заврши со девет одбрани.

Македонија и Грција утре ќе одиграат уште еден натпреварот, тој ќе биде од затворен карактер. Тоа ќе биде последната проверка пред заминување на Европското првенство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.