45-годишна жена почина од грип, додека седум пациенти се во болнички кревети. Кај пет од нив е потврдена заразата, а за двајца се уште се чекаат резултати од клиничките испитувања.
Ваков е најновиот биланс на здравствените власти за оваа сезонска болест. Во меѓувреме, расте бројот на новозаразени.
- Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинатиВо местото Горице, во близина на Брчко во Босна и Херцеговина, денеска се урна воен хеликоптер на… Read more: Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко, тројца загинати
- АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон тврди дека дејствувал во самоодбранаАмериканските вооружени сили извршиле напади врз ирански ракетни лансери во јужниот дел на Иран, објавува новинарот Барак… Read more: АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон тврди дека дејствувал во самоодбрана
- Просторијата каде што спие бебето не треба да биде потопла од 20 степениКога започнува грејната сезона, многу родители дополнително ја загреваат просторијата и го облекуваат бебето во неколку слоеви.… Read more: Просторијата каде што спие бебето не треба да биде потопла од 20 степени
- Што да јадете навечер за да не ви се расипе сонот: Важно е колку и когаОбилната вечера непосредно пред спиење е поврзана со полош сон, покажуваат истражувањата, но ниту одењето во кревет… Read more: Што да јадете навечер за да не ви се расипе сонот: Важно е колку и кога
- НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА ТРАНСФЕРИТЕ НА ПАРИ ВО СТРАНСТВО: Непроверените тврдења можат да предизвикаат паника и да ја нарушат стабилностаНародната банка на Србија (НБС) излезе со официјално соопштение по информациите што се појавија во медиумите во… Read more: НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА ТРАНСФЕРИТЕ НА ПАРИ ВО СТРАНСТВО: Непроверените тврдења можат да предизвикаат паника и да ја нарушат стабилноста
Доктор Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести појаснува дека жената која починала имала и други здравствени проблеми, но и не била вакцинирана. Релативно младата почината жена е шестиот пациент во последните недели, кој влезе во „црните статистики“.
Пикот се уште не е достигнат и допрва ќе следи, предупредуваат епидемиолозите. Стручните лица од Комисијата за заразни болести денес се состанаа, но не донесоа никакви мерки туку само препораки.
Идната недела започнува второто полугодие и не треба да стравуваме од одложување, дециден е претседателот на Комисијата за заразни болести.
Во меѓувреме, извештаите на Институтот за јавно здравје информираат и за другите заразни болести присутни во моментов. Засега има само два случаи на голема кашлица.
Вакцината е клучна за најмалите – посебно за оние до две години. Ќе се прегледуваат и здравствените картони на децата. Невакцинираните ќе бидат повикани на вакцинација. Досега против сезонски грип се вакцнирани повеќе од 60.000 лица. Повеќе од 80% од децата се имунизирани против голема кашлица, објави Телма.
Пронајдете не на следниве мрежи:



