Многумина беа разочарани кога шармантниот пејач со потекло од Македонија, Дарко Ѓорѓески, испадна од музичкото талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Младиот пејач беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ, но во минатиот круг не освои доволно гласови и не можеше да продолжи. Но тој за кратко време успеа да ја освои публиката, па голем број обожаватели беа разочарани што Ѓорѓески повеќе нема да се натпреварува во шоуто.
Некои од нив за неговото испашање ја обвинија Алина Јухарт која исто така е дел од тимот на Цеца.
Но на Дарко критиките што ги доби транс-родовата пејачка заради него не му се допаднаа, па веднаш се огласи и побара од неговите обожаватели да не ја обвинуваат за она што му се случи во популарното музичко шоу. Како што самиот напиша, Алина е прекрасна личност и ниту таа ниту пак било кој друг не заслужува да доживее таква осуда.
„Драги мои, сакам на сите да ви се заблагодарам на големата поддршка и бројот на убави коментари за време на натпреварот, но пред се сакам да напоменам една многу важна работа и на тој начин да одбранам една прекрасна личност. Сметам дека доживеа преголема осуда од луѓе што воопшто не ја познаваат. Мојата/ нашата другарка Алина доби огромен број хејт коментари на последниот настап, кога таа помина, а јас испаднав. На неа и ја препишуваат причината за моето испаѓање и се чувствувам многу лошо заради тоа. За сите оние што не знаат, Алина пред сé е прекрасна, позитивна, културна и искрена личност и не заслужува ваков вид на напад, и не само таа, туку било кој. Со самото пријавување во Гранд на себеси си дадовме задача да прифатиме и испаѓање и поминување. Оваа прилика ја користам да и пружам поддршка, како на неа така и на сите останати од тимот на Цеца. Go queen“,напиша Дарко на социјалните мрежи истакнувајќи јасно што мисли за хејт коментарите и зошто таквото однесување на некои ги преминува сите нормални граници.
Но по ова следуваше уште понеочекуван расплет, кој го израдува Дарко но и неговите верни обожаватели.
Имено, по завршувањето на третиот круг во кој младиот пејач со потекло од Македонија не успеа да помине, се ослободија неколку слободни места, па продукцијата реши да го врати заедно со уште неколку кандидати. Среќната вест на Дарко му ја соопшти лично Цеца, а снимката од нивниот телефонски разговор стана хит на социјалните мрежи.
Цеца му се јави на Дарко и му ја соопшти радосната вест, па тој веднаш се пофали и ја сподели на својот профил.
„Ало Дарко, вратен си“, му порача Цеца преку телефон, а снимката од нивниот разговор за еден ден имаше повеќе од милион прегледи.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку Дарко живее во Грац, Австрија, но во последниот круг Саша Поповиќ се пожали до продукцијата дека треба да пишува дека е од Македонија, за да има поголеми шанси да гласаат за него доколку дојде до финалето.
На тоа позитивно реагираше и неговата менторка, која изјави дека нејзиниот кандидат е горд што е Македонец и дека тоа е грешка на продукцијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.