Кривичниот законик го спаси и Ване Цветанов, кој беше осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи заедно со неговата невенчана сопруга со државни пари оделе на службени патувања.
По околу десет месеци поминати во Германија како азилант, Ване Цветанов се враќа во Македонија. Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на својот официјален профил на Фејсбук објави заедничка фотографија со неговата сестра и зет, и им се заблагодари на поддршката која му ја пружиле за време на неговото азилантско патешествие во Германија.
-Благодарение на измените на Кривичниот законик, опасноста од притвори повеќе не постои, па за еден месец се враќам во Македонија – објави Цветанов.
Цветанов се товареше дека дека вршел незаконски јавни набавки и ја ангажирал поранешната невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања, односно за злоупотреба на службена положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.