четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонските мировници засега остануваат во Либан, но не се исклучува можност за повлекување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонските мировници распоредени во мисијата на Обединетите нации во Либан „УНИФИЛ“ засега нема да бидат повлечени, и покрај ескалацијата на немирите на Блискиот Исток и навлегувањето на израелската војска во Либан во операциите против Хезболах.

За разлика од другите балкански земји, кои веќе започнаа со евакуација на своите граѓани од регионот, а Хрватска најави повлекување на своите војници од Ирак и Либан како мерка на претпазливост, Македонија засега ќе ја задржи својата контингентна единица во мировната мисија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– „Министерството и Армијата се во постојан контакт со нашите припадници кои се дел од мисијата и кои континуирано ги извршуваат своите задачи. Безбедносната состојба на Блискиот Исток се следи постојано. Во моментов не е предвидено повлекување на македонските припадници, но во зависност од развојот на настаните, таа можност не се исклучува“, велат од Министерството. – велат од МО.

Поврзани вести