Македонските ракометарки ја победија Србија

Подмладената женска ракометна репрезентација на Македонија, во контролен натпревар одигран во Крушевац ја совлада Србија со 27:25 (14:12).Избраничките на Гино Стрезовски во текот на целиот натпревар ја имале контролата врз играта и резултатот.Србија имала предност на стартот од натпреварот 6:5 и 7:6, а потоа се до 52. минута во предност биле македонските ракометарки.По водството на Србија од 23:22, Елена Ѓеоргиевска со два гола го решила прашањето на победникот.Ѓеоргиевска со девет голови била најдобриот играч и стрелец на овој натпревар, покрај неа во македонската репрезентација се истакнале Штерјова, Црвенковска и Митрова кои постигнале по четири голови.Дамјановиќ со шест голови била најефикасна во српската репрезнетација, која на овој натпревар играла без Лекиќ, Томашевиќ и Филиповиќ.Србија и Македонија, во рамките на неделата на ЕХФ ќе одиграат уште еден контролен меч, тој на програмата ќе биде во сабота, а ќе започне во 14 часот.
МакфаксПодмладената женска ракометна репрезентација на Македонија, во контролен натпревар одигран во Крушевац ја совлад

Пронајдете не на следниве мрежи: