четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонските џудисти освоија 10 медали во Ниш

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На Меѓународниот џудо турнир “Младост Европе”, што се одржа во  Ниш,  Србија македонските каратисти освоија десет медали од кои два златни, шест сребрени и два бронзени.На меѓународниот џудо турнир “Младост Европе” кој се одржа во Ниш, Србија настапија преку 485 џудисти од преку 39 џудо клубови од Србија, Бугарија и Македонија.Македонските џудисти се претставија во одлично светло, вкупно освоија 10 медали од кои два златни, шест сребрени и два  бронзени. Конкуренцијата беше одлична, 2/3 од категориите беа со по 25 до 33 натпреварувачи, секој носител на медал имаше по четири до шест борби.Ова е веќе петти турнир од меѓународен карактер на кој нашите џудо клубови оваа година земаат активно учество.На натпреварот постигнати се следните резултати:Хусени Резарт 2 место Помлади пионери 30 kg. Џудо Клуб Ипон 2.Јашари Хамза 2 место Помлади пионери 38 kg. Џудо Клуб Ипон 3.Петреска Ивана 3 место Јуниорки 78 kg. Џудо Клуб Сеишин 4.Јаковлеска Валерија 2 место Јуниорки 52 kg. Џудо Клуб Сеишин 5.Најдоска Александра 1 место Пионерки +63 kg. Џудо Клуб Сеишин 6.Трајкоски Тале 2 место Пионери 38 kg. Џудо Клуб Сеишин 7.Пашоски Бојан 2 место Помлади пионерки 60 kg. Џудо Клуб Сеишин 8.Наазимова Саадије 2 место Пионерки 48 kg. Џудо Клуб Сенсеи 9.Костов Ратко 1 место Пионери 42 kg. Џудо Клуб Сенсеи 10.Вељаноски Андреј 3 место Помлади пионерки 25 kg. Џудо Клуб Дрим„Меѓународниот турнир во Ниш беше критериумски за селектирање на нашите џудисти, претстојат уште вакви турнири каде ќе мораме да земеме учество, а се со цел подобрување на формата на нашите спортисти пред претстојните балкански првенства“, велат од џудо федерацијата.На меѓународниот џудо турнир ” Младост Европе ” кој се одржа во Ниш, Србија учество зедоа вкупно 28 џудисти, од следните џудо клубови: ЏК.Кодокан, ЏК.Дрим, ЏК.Варадар, ЏК.Сеишин, ЏК. Сенсеи и ЏК. Ипон.
МакфаксНа Меѓународниот џудо турнир “Младост Европе”, што се одржа во  Ниш,  Србија македонските каратисти ос

Поврзани вести