Македонски државјанин е уапсен во Улцињ под сомнение дека намерно удрил и убил куче со автомобил, соопшти црногорската полиција.
Според информациите, жената е 43-годишната С.С., која е лишена од слобода по наредба на државен обвинител од Основното државно обвинителство во Улцињ.
Полициската управа соопшти дека случајот го пријавил околу 15:15 часот сопственикот на кучето, кој изјавил дека лице кое управувало со бел Мерцедес со скопски регистарски таблички намерно го удрило животното на улица во градот.
Полицијата веднаш спроведе истрага и го утврди идентитетот на возачот, по што започна потрага. Осомничената е пронајдена околу 16:40 часот на граничниот премин Сукобин – Муричани, во време кога се обидувала да ја напушти Црна Гора.
По апсењето, таа била приведена во полициската станица, а за случајот бил известен надлежниот обвинител, кој проценил дека постои основано сомнение за кривично дело „убиство и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“, по што наредил таа да биде лишена од слобода.
Црногорската полиција наведува дека постапката против осомничената ќе продолжи и таа ќе биде испратена кај надлежниот државен обвинител во рокот утврден со закон.
The post Македонски државјанин во Улцињ лишен од слобода откако убил куче прегазувајќи го со автомобил appeared first on Во Центар.



