Македонски епископ со бугарски владин авион ќе оди во Ерусалим да го преземе велигденскиот благодатен оган

Благодарност до Бугарија, премиерот Бојко Борисов и Владата, за поддршката и помошта што им ја даваат на православните верници во земјава изрази поглаварот на Македонската православна црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Бугарската православна црква благодатниот оган првпат и го предаде на МПЦ-ОА минатата година.
-Благодарам од се срце од името на сите православни верници во Македонија. Благодарам за љубовта со која се однесуваат кон нас бугарската Влада, премиерот и државата, изјави г.г. Стефан за БГНЕС по повод одлуката на премиерот Борисов, македонски владика да оди со бугарскиот владин авион во Ерусалим за преземање на велигденскиот благодатен оган.
Денес премиерот Биросов имал средба со старозагорскиот митрополит Кипријан, кој е раководител на Комисијата за регулирање на статусот на МПЦ-ОА која беше формирана кон крајот на 2017 година откако македонската црква и се обрати за помош на бугарската црква. На средбата бил прецизиран начинот на кој благодатниот оган на Велигден ќе и биде предаден и на МПЦ-ОА.
Годинава во Ерусалим по благодатниот оган со владиниот авион ќе патува токму старозагорскиот владика Кипријан, а по барање на МПЦ-ОА во црковната делегација ќе биде и македонски епископ.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.