Македонски и бугарски научници ќе решаваат чиј цар е Самоил

Крајот на ноември е рокот предвиден до кога научници од Бугарија и Македонија треба да одлучат чиј национален херој е кралот Самоил, пишува бугарскиот портал „Днес“. Средновековниот владетел е една од историските фигури за чија националност расправаат двете држава.
Тогаш е закажана третата средба меѓу научниците од двете земји. Тие треба да направат целосен преглед на учебниците по историја во Бугарија и во Македонија. Експертите во оваа фаза од разговорите се обидуваат да ги идентификуваат настаните и личностите кои се дел од заедничката историја на двете земји и кои ќе можат заедно да се чествуваат.
-Можеби спорот за тоа чиј цар е Самоил ќе остане нерешен, ова е нашата заедничка европска историја. Кога се навраќаме кон историјата, подобро е да ги гледаме можностите за обединување – изјави претходно премиерот, Зоран Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.