Македонски синдром: Тој што живее со родителите секогаш не чини, а прв е тука да помогне

Ќерко знаеш ти се сама да направиш, остави го брат ти гледаш неспособен е, се по него мора да се трча да му се прави, не знае една уплатница да пополни…Вака некако мајка ми `ми се објаснуваше кога ќе и речев мамо ти повеќе го сакаш Стефан, но јас тоа не го прифаќав, бидејќи секогаш се `се правеше за него…
Дојде време кога Стефан остана да живее со мама и тато, јас си заминав и си оформив семејство. Секој телефонски разговор де со едниот, де со другиот, не поминуваше без озборување за тоа како тој ништо не прави за нив. Кутриот мој брат со двајца старци се растргна носи го едниот на лекар, па другиот…И пак за нив не чинеше. Отидов едно попладне кај нив дома и однесов нешто за јадење и овошје..Седнав заедно со Стефан и почнавем да ги слушаме жалопојките…. Гледаш сине, сестра ти како се грижи и текнало да донесе банани и ручек, а ти само се караш се не ти чини, нејќеш една чаша со вода да подадеш, го погледнав брат ми и сфатив дека премногу му е тешко и дека цело време сум била во заблуда дека него повеќе го сакале, во суштина нивната претрана грижа го направила неспособен, но тој рака на срце премногу добро се грижи за нив….-Чуден е тој феномен, тој што живее со родителите секогаш не чини, а прв е тука да стане и направи се за нив кога ќе им е потребна помош. Ја слушам комшиката жена во години која ми вели дојде да ме види Марија и ми донесе од омилените колачи се потрудила, а Иван мува не го лази. Ќерка и Марија доаѓа еднаш во месецот, а синчево трча секојдневно за мајка си и пак он не чинел. Не разбирам зошто мора да има поделба меѓу децата и да не се гледаат правилно работите, вели Милена.
-Јас и брат ми не бевме исто третирани. Него стално му се попушташе од икс причини и тоа ги условуваше неговите идни постапки. Моите родители тврдеа дека не прават никаква разлика како и многу други. Тие едноставно не го гледаат тоа така, но да се запрашаме сите како ние сме поминале како нечиви деца и автоматски добиваме одговор и за самите себе какви родители сме или какви би биле, вели Анче.
-Постои различен третман спрема децата, а не поделба на љубовта, едново повеќе го сакам од другото. Ама децата може тоа да не го доживуваат така. На крај краишта тоа ниеден родител нема да го признае па макар било и вистина. И тврдам дека родителите во поголем број се субјективни (не сите), кога одбираат да не гледаат и не прифаќаат некои факти за сопствените деца, зашто знаеме дека важи поговорката за многумина „Од кал да е, твое Е“….,објаснува Елисавета.
Извор: македонски синдром

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.