Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт има поделби, Кочани бара помош, а не поделби!

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули:

– Секогаш кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, при тоа мислам на ДПМНЕ, а не на ВМРО (кое впрочем е симбол на сите), за жал, има поделба на општеството.

Иако мислев дека политиката на Груевски е врв на таа поделба, деновиве сме сведоци на уште пооштра поделба. Па така, и покрај “стандардните” поделби – дали се живее подобро или полошо, про или контра ЕУ, дали е повкусна охридска цреша или владина папаја, за жал, имаме поделба и околу изборите во МПЦ, и што е најстрашно – околу Кочани.

Денес, со политиките на власта се доподели општеството околу трагедијата во Кочани, за која мислев сите сме обединети во тагата, грижата и емпатијата да се помогне.

Замислете, има граѓани на Македонија кои ги напаѓаат родителите што го загубиле најмилото. Па, зарем има минимум човечност во тоа? 😔

Време е власта да сфати дека Кочани бара помош, а не поделби. Бара разбирање, а не рамнодушност. Да се покаже човечност, а не да се зголемува болката која и веќе е премногу голема за носење.

Ретките медиуми укажуваа токму на ова – опасноста од погрешната политика на централната власт во однос на Кочани. Но, Тешките муабети власта не ги чу, и затоа, сега, како бумеранг им се враќаат.

И на крај, лажните тези не менуваат факти, и евентуална победа на ВМРО ДПМНЕ во некоја општина, и покрај очигледното неспроведување на проекти и отсуството на резултати, не само што нема никаква врска со Кочани, туку само зборува за авторитарниот и антиемпатичниот дух на власта.

П.С. Иако очекував реакција уште по заканите упатени кон пратеник од собраниската говорница од страна на министерката, ама денес верувам уште повеќе – по изјавата на Мицкоски дека СДСМ „нема да постои“, актуелното раководство ќе престане да повикува на лидерски средби и конечно ќе повика на општа мобилизација. Мобилизација во која ќе водат тие со став, а не тие што аплаудираат, тие што знаат како, а не тие што калкулираат, тие со срце, а не со градежна поддршка…

Со народот, а не зад компромисите. – напиша Макрадули.

ЛИНК од објавата

Пронајдете не на следниве мрежи: