среда, 25 ноември 2026
Најново

Макрон најавува вселенски војни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Францускиот претседател Емануел Макрон најави значително зголемување на инвестициите во развојот на вселенската одбрана, велејќи дека дополнителни 4,2 милијарди евра ќе бидат издвоени како дел од новата национална стратегија. Тој ја објави оваа одлука за време на посетата на Воздухопловниот центар во Тулуз, објави Евроњуз.

Макрон истакна дека глобалните безбедносни предизвици брзо се менуваат и дека „современите конфликти веќе активно се движат во вселената“, нагласувајќи дека Франција мора да биде подготвена за нова фаза во областа на одбраната.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Вселената повеќе не е засолниште, туку стана бојно поле“, ја пренесува АФП изјавата на Макрон. Тој додаде дека во оваа област, според него, ќе се одвиваат војните на иднината.

Францускиот претседател особено посочи на активностите на Русија, кои Париз ги оценува како потенцијална закана за безбедносната архитектура во вселената.

Макрон претходно објави дека накитот украден за време на неодамнешниот грабеж во Лувр ќе биде пронајден и вратен во музејот.

Поврзани вести