Макрон патува во Вашингтон на средба со Трамп, Зеленски и Стармер

Францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со премиерот на Британија Кир Стармер, се подготвени да отпатуваат во САД на средба со претседателот Володомир Зеленски и со Доналд Трамп, за претставување на мировен план, пишува „Дејли Мејл“.

Франција и Обединетото кралство треба да ја предводат делегацијата од Европа за да се надмине дипломатската криза помеѓу САД и Украина, настаната по жестоката дебата во Белата куќа помеѓу Володомир Зеленски и Доналд Трамп.

Макрон веќе ја посети Белата куќа, и разговараше со Доналд Трамп на почетокот на минатата недела.

Пронајдете не на следниве мрежи: