Максим Димитриевски е третиот кандидат кој обезбеди 10 илјади потписи за влез во трката за шеф на државата


Дека успеал да ги обезбеди потребните потписи за официјализирање на претседателската кандидатура, Димитриевски информира вечерва преку својот фејсбук-профил

Кумановскиот градоначалник и лидер на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, е третиот претседателски кандидат кој успеа да ги собере потребните 10 илјади граѓански потписи и со тоа да си обезбеди место на претстојната трка за шеф на државата.

Максим Димитриевски, кандидат за шеф на државата номиниран од Движењето ЗНАМ

Дека успеал да ги обезбеди потребните 10 илјади потписи за официјализирање на претседателската кандидатура, Димитриевски информира вечерва преку својот фејсбук-профил.

„Над 10 илјади потписи за кандидат за претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа!“

пишува во фејсбук-објавата на Максим Димитриевски.

Претходно вечерва и претседателскиот кандидат на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, обзнани дека собрал 10 илјади потписи за влез во трката за шеф на државата.

Прв од единаесеттемина кои собираат 10 илјади граѓански потписи за претседателската кандидатура тоа успеа да го стори кандидатот на ДУИ, Бујар Османи. Тој уште синоќа преку видеообраќање во кругот на семејството ја објави веста посочувајќи дека потписите се собрани во рекородно време.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: