четврток, 12 ноември 2026
Најново

Макс Еберл именуван за нов спортски директор на Баерн Минхен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај


Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен го именуваше 50-годишниот Макс Еберл за нов спортски директор, соопшти баварскиот клуб.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Еберл минал низ сите возрасни категории во фудбалската школа на Баерн, и насапуваше за баварскиот тим три сезони. Потоа го носеше дресот на Бохум, Гројтер Фурт и Борусија Менхенгладбах. Долги години беше директор на Борусија Менхенгладбах, а последното работно место му беше во РБ Лајпциг, од каде беше сменет во септември минатата година.

На новата функција Еберл ќе го наследи Хасан Салихамиџиќ, кој беше разрешен во мај минатата година.

„Го поминав целото мое детство и младост во Баерн, па за мене е нешто посебно да се вратам во нова улога во клубот од каде што започна сѐ. Работата како член на одборот за спорт е голем предизвик, на кој ќе му пристапам со многу почит и понизност, но со уште повеќе исчекувања. Заедно со сите тука, сакам да направам сѐ што можам за да обезбедам дека Баерн ќе продолжи да биде успешен во иднина и ќе им донесе радост на своите навивачи“, рече Ебрл, кој има потпишано договор до 2027 година.

Баерн моментално е на второто место во германскиот шампионат, со осум бода помалку од лидерот Баер Леверкузен.

– Реклама –

Поврзани вести