Мала, ведра и евтина варијанта на Desire моделите, HTC Desire 200

Htc го презентираше својот најнов модел од серијата Desire, кој ги надополнува моделите во одличните карактеристики, но овој пат се спакувани во мало издание.
Со димензии од 107,7 на 60,8 и 11,9 милиметри новиот модел на HTC Desire е голем отприлика колку кредитна картичка, а тежи само 100 грама. 3,5 инчниот екран има резолуција од 480 х 320, а процесорот му е едно-јадрен Qualcomm Snapdragon S1 1Ghz со 512MB RAM, што значи дека наградите за брзина нема да отидат баш кај овој модел.
Сепак, овој HTC Desire 200 нуди Beats Audio процесирање и камера од 5 мегапиксели со 34 милиметриски леќи способни за снимање вообичаено видео. 1,230 mAh батеријата ветува 3G користење до 7,4 часа и време на издржливост на батеријата без користење до 821 час.
Андроид моделот доаѓа со 4 гигабајти внатрешна меморија и простор за микро SD картичка со меморија до 32 гигабајти.
Овој модел поддржува и Bluetooth и Wi-Fi , а ќе биде достапен за продажба од 19 јули во Тајван.
Htc го презентираше својот најнов модел од серијата Desire, кој ги надополнува моделите во одличните карактеристики, н

Пронајдете не на следниве мрежи: