Машината завршила со перење, а во тој момент обично правиме една многу погрешна работа.
Веднаш штом ја вадиме облеката, вратата од машината ја затвораме.
Да, тоа е една ситница, но многу значи. Со таа мала грешка, правите голема штета. Кога машината не работи, вратата од барабанот треба да биде отворена.
Еве зошто:
Ако ја затворите вратата на барабанот веднаш откако ќе заврши со перење, внатре оставаме влажен воздух- влага, која може да создаде мувла во машината и да ги шири бактериите на облеката при наредното перење.
Оставајќи ја вратата отворена на машината за перење и даваме шанса да „дише“ свеж воздух, и ги намалуваме шансите да се загади одвнатре.