Малики смета дека Асад може да се одржи на власт со години

Сирискиот претседател Башар ал-Асад би можел да се одржува на власт уште две години, и покрај очекувањата на САД дека набрзо ќе падне, изјави во саботата ирачкиот премиер Нури ал-Малики.

 
Ирачкиот премиер Нури ал-Малики, шиитски муслиман, чија заедница е доминантна во Иран кој е главниот поддржувач на сирискиот претседател Башар ал-Асад кој и самиот е алавит односно дел од шиитскиот ислам, досега остануваше по страна во однос на конфликтот меѓу сирискиот челник и мнозинската сириска сунитска опозиција.
Во интервјуто за весникот Asharq al-Awsat, Малики изјави дека американскиот претседател Барак Обама, неговиот потпретседател Џозеф Бајден и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон изјавиле дека Асад ќе падне „во рок од два месеца”. Меѓутоа, тој не спомнува кога со нив разговарал. Малики тврди дека Асад нема да падне „дури ни по две години”.
„Многу добро ја познавам Сирија”, додал ирачкиот премиер и тврди дека малцинската алавитска заедница заедно со другите малцинства ќе се борат против бунтовниците, меѓу кои се и сунитските исламисти.
Макфакс
Сирискиот претседател Башар ал-Асад би можел да се одржува на власт уште две години, и покрај очекувањата на САД дека набрз

Пронајдете не на следниве мрежи: