Малолетници завршија во полициска станица, допирале девојка во автобус на ЈСП

Тројца малолетници завршија во станица откако во автобус допирале по телото 19-годишна девојка од Скопје.

Полицијата извести дека немилиот настан се случил вчера во 15 часот во автобус на ЈСП Скопје.

Тројца малолетници од скопските села Копаница, Ласкарци и Арнакија допирале по телото 19-годишна девојка од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: