Малолетно девојче со тешки повреди заврши во болница откако возејќи тротинет ја удрил автомобил

Малолетничка од Чашка е тешко повредена откако возејќи тротинет во Велес била удрена од „фиат“.

„Вчера во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со ул.„Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Пронајдете не на следниве мрежи: