Мал трик кој значајно ќе го подобри вашиот сексуален живот

Нормално е сите понекогаш да талкаме со мислите. Ако водите многу стресен и брз живот, не е необично во текот на сексот да почнете да размислувате за купување намирници, работа, проблеми и слично.
Сепак, ако такви ситуации ви се случуваат често, тоа може негативно да влијае на вашиот сексуален живот и задоволство.


Како што пренесува магазинот “Cosmopolitan”, сексолозите советуваат за време на водењето љубов, во целост да му се препуштите на тој чин. Можеби ви звучи логично, но ако малку подобро размислите, ќе сфатите дека не секогаш му се препуштате на тој момент, во целост.
Тоа што треба да го направите е вашите мисли да ги насочите кон работите што ве возбудуваат, на вашите најчувствителни точки на телото и да му дадете до знаење на партнерот што точно ве задоволува. Обидете се да размислувате за тоа колку ви е убаво во тој момент. На тој начин подобро ќе се поврзете со партнерот, а сексот ќе стане поинтензивен и повозбудлив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.