Манекенката Луана Сандиен привлече големо внимание во јавноста кога изјави дека не и треба момче и дека е заљубена во себе. Таа се декларира како автосексуална личност, што значи дека љубовта што ја чувствува за себе ја надминува можноста за љубов кон кој било друг.
Како што вели, не и треба момче за да доживее целосно задоволство.
– Кога ќе се видам во огледало, веќе сум возбудена, изјави Луана Сандиен од Бразил и додаде дека моментално не размислува за врска со некој друг.
– Сама сум. Тоа е најдоброто нешто што една жена може да го направи за себе. Автосексуалноста значи да бидам привлечна за себе. Секогаш така се чувствував, само не знаев дека има име – вели манекенката, инаку разведена.
– Убаво е да се знае дека не сум луда или нарцисоидна, тоа е нешто што многу луѓе го чувствуваат – додаде таа.
Што е автосексуалност?
Автосексуалноста не е само љубов кон себе. Се работи за самодоверба и чувство на удобност во сопствената кожа. Вие исто така се сметате себеси за сексуално пожелни.
Иако ова може да звучи нарцисоидно за многумина, всушност, автосексуалноста е далеку од тоа. Нарцисите се сметаат себеси за посебни и се ставаат над другите луѓе. А кога е сексот во прашање, тие се фокусираат на сопственото задоволство. Автосексуалците едноставно уживаат во своето тело.