Манчмалоу

ЗА ТЕСТО
450 г брашно
2 лажици какао
100 г шеќер
малку сол
1 прашок за печиво
200 г маргарин
3 јајца
малку цимет
ЗА ПЕНА
4 белки
320 г шеќер
4 лажици мед
10 г желатин
1 ванилин шеќер
4 лажици ладна вода
120 мл вода
ЗА ПРЕЛИВ
400 г млечно чоколадо
12 лажици масло
Се меша брашното со какаото, циметот, прашокот за печиво и солта. Се додава маргаринот исечкан на коцки и се меси ровко тесто. Откако маргаринот ќе омекне, се додаваат јајцата и се меси мазно тесто. Се витка во фолија и се става во фрижидер најмалку 1 час. Потоа на набрашнета површина се сука тенка кора и со тркалезен калап се вадат мали кругчиња. Се боцкаат со виљушка и се редат на тава, обложена со мрсна хартија. Се печат 10 минути на 180 степени и се оставаат убаво да се изладат.
Пена: Се прелива желатинот во 4 лажици ладна вода и се остава да набабри.
На страна водата, шеќерот, ванилиниот шеќер и медот се ставаат да зовријат. Се намалува температурата и се вари околу 5 минути. Се трга на страна и се додава желатинот. Се меша убаво да се стопи желатинот.
Се матат 4 белки додека не се добие цврст снег и потоа малку по малку матејки се додава сирупот. Откако ќе се додаде целиот сируп се мати уште 10-тина минути додека не се добие цврст шлаг. Со помош на шприц со тркалезен отвор над тестата се става од пената. Се остава 2 часа убаво да се зацврсти пената.
Чоколадото се топи на пареа со маслото. Се става во помал плиток сад, секое манчмалоу се свалкува во чоколадото и се става да се цеди на решетка. Се декорира по желба.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.