Сочните, меките и вкусни пилешки крилца се уште една причина поради која секогаш ќе се навраќаме на рецептите со пилешко.
Едноставно месо, а толку многу можности за рецепти! Овој рецепт со парче пилешко месо можете да го најдете на секое мени денес во кое подеднакво уживаат и младите и старите.
Ако сте во потрага на нови вкусови и инспирација, печено пилешко со портокал и лук е комбинација која ќе ве воодушеви. Можеби крилцата не ви се омилени и ако не знаете што да правите со нив, погледнете го овој рецепт.
Експлозија од вкусови: Маринирани пилешки крилца
Потребни состојки:
1 кг пилешки крилца
3 лажици сос од соја
1 лажичка пипер во прав
2 лажици мед
2 чешниња лук
2 лажици масло од сусам
1 лажичка чили сос
1 лажица свежо рендан ѓумбир
сок од половина лимон
Начин на подготовка:
Исечкајте го лукот и заедно со наведените состојки направете маринада. Ставете во поголем сад.
Исечете ги крилцата на два дела, ставете ги во садот со маринада, добро измешајте и оставете ги крилцата да отстојат 2 до 3 часа, а по можност подолго.
Подгответе сад за печење, покријте го со хартија за печење и поставете ги крилцата. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени и печете за 30 до 40 минути. Потоа свртете го грејачот како за скара и печете уште 10 минути додека не добијат златна боја.
Послужете веднаш со сезонска салата.