Маричиќ: Европска иднина за младите за да останат дома, тука да градат семејства, а нивното знаење и искуство да се искористи во Македонија

„Нема да се откажеме од повисокиот животен стандард, стандард за сите. Во 2016 година кога ја пишувавме програмата за живот во Македонија, тогаш со професорот Драган Тевдовски, во бараката општинска во Карпош правевме една анализа и се чудевме тој имаше дилеми дали може не е премногу храбро дека ќе ја направиме платата 500 евра до 2020 година. Звучеше премногу недостижно. Денес во 2024 година просечната плата е веќе 700 евра. Ние ветувам затоа што сме го исполниле тоа дека до 2028 година ќе биде 1100 евра просечната плата, а 600 евра минималната плата. Затоа што нашите граѓани тоа го заслужуваат, вреди да се бориме за стандардот на нашите граѓани за животот на нашите граѓани, затоа што не може само ние да живееме со плати помали од целиот регион,“ порача секретарот за меѓународна соработка и кандидат за пратеник од ИЕ1 Бојан Маричиќ, пред собирот на граѓани во Влае.

Тој ја побара бподршката од граѓаните , за да продолжи тој пат. Посочувајќи дека кризите се позади нас. Како и дека она што следува доколку продолжиме по вистинскиот пат се повеќе пари, повеќе проекти, подобар животен стандард и среќа за граѓаните.

Маричиќ порача дека не ни требаат антички штитови и фаланги, не ни требаат веќе лагите на ВМРО – ДПМНЕ. Ни треба европска иднина, ни треба европски пат и ние тоа ќе го постигнеме.

„Ниту еден граѓанин, ниту една категорија нема да биде заборавена. Младинската гаранција, гаранцијата за млади ќе ја зголмеиме од 3.000 на 5.000 денари месечно а исто така сакаме да им подадеме рака на оние млади до 26 години кои првпат се вработуваат, тие ќе добиваат по 200 евра месечна помош во првата година од нивното вработување. Сакаме да ги видиме младите да останат дома тука да живеат, тука да градат семејство и нивното знаење и искуство да се искористи тука дома во Македонија,“посочи Маричиќ.

На прашањето од граѓаните за сигурноста на победата на овие избори, Маричиќ рече дека таа произлегува од цврстата убеденост од тоа што е видено во текот на кампањата. Дека СДСМ допре до секој граѓанин.

„И досега и во остатокот од кампањата – дека срцето на Македонија е црвено, социјалдемократско, а душата на Македонија е прогресивна, сина и жолта – европска. Со тоа социјалдемократско срце и европска душа може да очекуваме само да одиме напред, само да победуваме и никогаш да не се откажеме од нашата европска иднина!“ порача Маричиќ.


Пронајдете не на следниве мрежи: