четврток, 12 ноември 2026
Најново

Марија Шерифовиќ на својот син му го подари првиот подарок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Марија Шерифовиќ (39) неодамна го објави новиот албум „Долази љубов“, кој воедно е и името на нејзината претстојна музичка турнеја, а сега откри дека песната е посветена на нејзиниот син Мариo.

Пејачката, која неодамна ја изненади јавноста со веста дека добила дете, признала дека нејзиниот нов хит е напишан како ’прв подарок’ за нејзиниот син.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Мојата ведрина доби лице. Музиката отсекогаш ми била единствениот начин да се објаснам, да споделам парче од мојата душа – напиша таа на Инстаграм.

View this post on Instagram A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

-Песната ‘Долази љубов’ ја напишав заедно со авторите нему додека го чекав и сонувам. Затоа денес го споделувам со сите вас, за со него да сонувате за сите оние кои ви носат љубов и мир. Мојата љубов дојде – нејзиното име е Марио. Сине мој, ова ти е прв подарок – рекла Марија, која дури размислувала да ја одложи турнејата поради доаѓањето на нејзиниот син.

Таа неодамна на социјалните мрежи се појави со синот во прегратка, а на обожавателите им се заблагодари за поддршката и љубовта што ја добива откако во јавноста призна дека има дете.

Пејачката моментално е со синот во Лос Анџелес, а откри дека неколку пати се обидела да забремени и не успеала и дека тоа го направила со варијанта на сурогат мајка, а јајце клетките и ДНК на детето се нејзини.

Поврзани вести