Маркова торта

 

ЗА ПАНДИШПАН
12 јајца
24 лажици шеќер
2 лажици брашно
200 г мелени ореви
100 г толчени ореви
100 г исечени суви смокви
100 г суво грозје
100 г рендано чоколадо
ЗА ФИЛ
300 г шеќер
250 г маргарин
100 г чоколадо
2 лажици рум
Белките изматете ги со шеќерот. Додадете ги чоколадото, смоквите, оревите, сувото грозје и брашното и измешајте со лопатка. Ставете ја смесата во тава прекриена со хартија. Печете 20 минути на 200 степени.
Од жолчките, шеќерот, и румот варете крем на пареа додека се растопи шеќерот. Додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека се растопи. Тргнете од оган и оставете кремот да се излади.
Маргаринот изматете го, додадете го кремот и матете додека се соедини филот.
Пандишпанот исечете го на 3 дела. Првите две кори премачкајте ги со фил. Ставете ја третата и филувајте ја тортата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.