„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара одговорност од властите за трагедијата

На големи неправилности уште вечерта кога гореше дискотеката „Пулс“, укажаа денеска на единаесеттиот Марш за ангелите во Кочани родителите и роднините на загинатите и повредените млади луѓе во март годинава.

Бараа да одговараат и полицајците кои вечерта интервенирале во дискотеката, но и директорот и медицинските лица кои работат во кочанската болница, затоа што работеле без потребни материјали и кислород, па не можеле да им пружат помош на настраданите.

Побараа одговорност и ид локалните власти, од инспекциите, а велат не се задоволни од обвинението во кое 34 физички лица и три правни лица треба да одговараат за трагедијата.

– Тоа нема да ги врати нашите деца. Да беше затворена дискотеката затоа што немала дозвола, немаше да загинат нашите деца – рече една од мајките.

Порача дека се бори за сите деца, и за нивните и за другото дете. Но, мајката до неа вели: „Јас немам ниедно. Едно имав и тоа ми го зедоа“.

Меѓусебе, на овој протест, разговараа и за вчера објавените податоци од УЈП, каде беше кажано дека глобата за дискотеката што не работела по пропис за готовина, била платена, а затворено било само кафулето. Убедени се дека вчера на пресот на УЈП се лажело.

Друга мајка порача судиите криво да седат, но право да судат, а тоа да биде направено поскоро.

Овој протест е 11 по ред, каде роднините и родителите на децата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“, на кој бараат правда и постапување од институциите.

Пронајдете не на следниве мрежи: