Марш на црвениот чадор во Скопје

На Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, во понеделник во Скопје по 11. пат ќе се одржи Маршот на црвениот чадор. Протесниот марш на сексуалните работници ќе започне од 12:00 часот од Спомен куќата на Мајка Тереза и е во организација на СТАР – првиот колектив на сексуални работници.
Со пораката: „ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА СЕГА!“ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедните услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација, соопштуваат од СТАР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.