Марјан Стаменковски, сопственикот на „ДоказМ“, кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска бил пренесен во болница.

Брза помош била повикана и тие констатирале дека состојбата не може да се санира на самото место, па Стаменковски бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Тој се гони за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, како и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.
Пронајдете не на следниве мрежи:


