Марјан Цветковски: Со изненаденост ја добив информацијата дека против мене е поднесена кривична пријава

Директорот на МРТВ, Марјан Цветковски денеска преку соопштение до медумите негира дека е одговорен за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување е поднесена против него, затоа што во 2016 година склучил договор со фирмата „Аналитика“ за електронско мерење на ТВ аудиториум со пиплметри на територијата на Македонија.

„Со доза на изненаденост ја добив информацијата пласирана во недела наутро дека против мене е поднесена кривична пријава и веднаш сакам да истакнам дека немам никаква кривична вина, ниту пак кривична одговорност за ситуациите кои се посочени и смирено и подготвен со аргументи и факти ја очекувам постапката во која сум убеден дека ќе се потврди она што го истакнувам, а тоа е дека во рамките на мојот мандат во МРТВ се работело и ќе се работи согласно законот“- реагира Цветковски. 

Цветковски вели дека МРТ е сериозен и гломазен систем каде во секоја постапка учествуваат голем број служби. Наведува дека за споменатиот договор има судски спор и не е исплатен во целост.

Освен за директорот на МРТВ кривичната пријава се однесува и за Г.С (56) кој бил застапник на фирмата „Аналитика“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.