Во масовно пукање во градот Ири, во американската сојузна држава Пенсилванија, загинаа девет лица, меѓу кои и осомничениот напаѓач. Меѓу жртвите се и две деца.
Полицијата била повикана во петокот попладне откако сведоци пријавиле вооружен маж кој пукал пред куќа, а потоа влегол во објектот. На улицата биле пронајдени две убиени жени, додека во куќата полицијата открила уште жртви. Напаѓачот бил пронајден мртов со прострелна рана за која се верува дека самиот си ја нанел.
Шефот на полицијата во Ири, Рик Лорах, ја опиша сцената како една од најтешките со кои се соочил во повеќе од 28 години работа.
Полицијата засега не соопштува можен мотив за нападот, а истрагата за околностите што довеле до пукањето продолжува.



